недела, 15. декември 2019. Вести денес: 1
home Регион

Почина и шестата жртва на железничката несреќа кај Ниш

Почина и шестата жртва на железничката несреќа кај Ниш

Вчера починала и шестата жртва на тешката железничка несреќа кај Ниш , во која воз преполови автобус , со кој се превезувале и ученици.

Станува збор за 78 годишна жена, која им подлегнала на повредите. Таа починала во нишкиот Клинички центар со скршена бутна коска и карлица , како и нагмечени ребра.

Но , стигна и една добра вест. Шеснаесет годишното девојче со иницијали Л.И. се разбудило од кома. Сепак , докторите велат дека здравствената состојба и натаму и е сериозна.

Потсетуваме , дека пред десет дена во близина на Ниш се случи тешка сообраќајна несреќа во која на самото земсто загинаа четири лица , од кои двајца тинејџери.