среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 13
home Регион

Почина хрватска атлетичарка која пред две недели победи на Плитвичкиот полумаратон

Почина хрватска атлетичарка која пред две недели победи на Плитвичкиот полумаратон

Хрватската атлетичарка Валентина Валјак почина на 33-годишна возраст по кратка и тешка болест. Смртта ја затекна како асистентка на Природноматематичкиот факултет во Загреб, на отсекот географија.

Валентина која беше една од најдобрите атлетичарки на долги патеки, пред само две недели триумфираше во женска конкуренција на Плитвичкиот полумаратон. Но, не успеа да ја издржи борбата со подмолна болест која ја собори за само неколку денови.

Подмолната болест не и даде никакви шанси дури и да се бори за својот живот. Валентина беше вистински борец, но за жал оваа трка не можеше да ја издржи. Секогаш ќе ги паметиме сите наши спортски моменти, твојот благ поглед и искрената насмевка – се вели во пораката од нејзиниот поранешен клуб АК Загреб кој преку социјалните мрежи се збогуваше од својата атлетичарка.

Коронавирус