среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 24
home Регион

Почина бугарскиот историчар Божидар Димитров

Почина бугарскиот историчар Божидар Димитров

На 72-годишна возраст вчера почина професорот Божидар Димитров, соопштија членови на семејството за бугарската новинска агенција„ Фокус“.

Божидар Димитров беше поранешен долгогодишен директор на бугарскиот  Национален историски музеј и автор на десетици книги посветени на бугарската историја.

Починал пред зградата во која живее. Одеднаш се фатил за градите и паднал на земјата, јавуваат бугарските медиуми. Негови блиски претпоставуваат дека станува збор за белодробна емболија.

Починал додека ја чекал ќерка си Марија пред зградата, а со која требале да го прославата нејзиниот роденден.

Историчар по образование, тој беше министер без ресор, одговорен за Бугарите во странство во првиот кабинет на Бојко Борисов.

„Изразувам сочувство до роднините и семејството на Божидар Димитров. Почивај во мир пријателе…“, напиша на премиерот Бојко Борисов на Фејсбук.

Коронавирус