среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 77
home Регион

Побарана седница на Собранието на Косово за усвојување мерки за поддршка на приватниот сектор

Побарана седница на Собранието на Косово за усвојување мерки за поддршка на приватниот сектор

Најголемата косовска опозициска партија, Демократска партија на Косово (ПДК), побара одржување вонредна седница на републичкото Собрание, на која ќе предложи усвојување ургентен пакет на мерки за поддршка на вработените во приватниот сектор, кои се погодени од пандемијата на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од ПДК за порталот „Коха.нет“ изјавија дека, на иницијатива на нејзиниот лидер Кадри Весели, поддржана со потребните потписи од 40 пратеници, од Претседателството на Собранието е побарано седницата да се закаже за в петок, 10 април.

– Седницата ќе се одржи за да се дискутира и усвои ургентниот финансиски пакет за поддршка на 280 илјади вработени во приватниот сектор и на 60-те илјади бизниси кои поминуваат низ тежок период поради пандемијата. Пакетот кој ќе го предложи ПДК е во вредност од 320 милиони евра и ги опфаќа во детали законските форми на финансирање, велат од ПДК.

Коронавирус