среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 119
home Регион

ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ СТРАВ ОД ЦУНАМИ: Заканувачките бранови на само неколку километри од Македонија може да достигнат висина и до еден метар

ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ СТРАВ ОД ЦУНАМИ: Заканувачките бранови на само неколку километри од Македонија може да достигнат висина и до еден метар

Сеизмолозите веруваат дека деструктивните земјотреси се неминовни по потресите кои овие денови го тресат речиси целиот балкански регион.

Откако се тресеше Албанија, Јадранското Море, Босна и Херцеговина како и Грција сеизмолозите стравуваат од голем земјотрес во иднина кој би можел да предизвика и цунами.

-Постојат подрачја покрај источниот Коринстког залив во кој се акумулира голема сеизмичка енергија која треба да се ослободи, вели за „Сан“ професорот Акис Целентис, шеф на институтот за геодинамика и национална опсерваторија во Атина, додавајќи дека сеизмолозите очекуваат земјотрес од 6,5 степени.

Тој додава дека Грција е склона на земјотреси и годишно има по најмалку еден земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер.

Грчкиот сеизмолог е загрижен дека епицентарот на некој од земјотресите во иднина би можел да биде до некој град со што би се направило поголема штета.

-Атина би била погодена секако и сигурно некој други градови, додава тој.

Тука станува збор и за закана од цунами, вели Целентис кој додава дека ризикот од големи бранови е уште поголема закана од самиот потрес.

-Дури и бранови до еден метар би биле закана кога островите се толку згуснати. Иако се ретки постои навистина опасност од цунами вели тој.

Инаку Грција лани ја посетија 33 милиони странски туристи од кои најмногу Англичани.

Коронавирус