сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 1
home Регион

По вчерашниот, во Загреб регистрирани уште 30 земјотреси: 15- годишното девојче се бори за живот

По вчерашниот, во Загреб регистрирани уште 30 земјотреси: 15- годишното девојче се бори за живот

По вчерашниот земјотрес во текот на ноќта беа регистрирани околу 30 послаби потреси во Загреб.

Состојбата на 15-годишното девојче што беше повредено при во вчерашниот земјотрес што го погоди главниот град на Хрватска е непроменета и се бори за живот.

Сеизмологот Крешимир Кука изјави за Хрватско радио дека секундарните потреси ќе траат со недели и месеци.

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени вчера утрово беше регистран во Загреб, а беше проследен со уште еден потрес со јачина од пет степени, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот беше на седум километри северно од Загреб, на длабочина од десет километри и предизвика материјална штета.

Коронавирус