петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Регион

По трагичната смрт на 15-годишно девојче кое земало дрога, граѓаните на Аранѓеловац почнаа војна против дилерите

По трагичната смрт на 15-годишно девојче кое земало дрога, граѓаните на Аранѓеловац почнаа војна против дилерите

По трагичната смрт на 15-годишно девојче кое земало дрога екстази, граѓаните на српскиот град Аранѓеловац подготвија список со имињата на дилерите на дрога.

Смртта на девојчето беше повод граѓаните, пред се родителите да се почнат војна против дилерите на дрога.

Тие подготвија список со имиња на лица кои продаваат дрога во Аранѓеловац, со нивните регистарски таблички и листата ја предадоа во полиција.

Граѓаните вечерва организираа и марш во Аранѓеловац во знак на протест поради зачестената продажба на наркотици во градот.

Тие носеа транспаренти „Дрогата е смрт“ и порачаа „Родители не свртувајте ја главата, разговарајте со децата“.

Коронавирус