петок, 4. декември 2020. Вести денес: 93
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ денес со блокада во Скопје и со протест во 20 градови, оставка на Заев веднаш!

home Регион

По поплавите во Загреб се огласи градоначалникот- За жал, не можам да го испијам дождот

По поплавите во Загреб се огласи градоначалникот- За жал, не можам да го испијам дождот

Градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ, по големото невреме што синоќа го зафати главниот град на Хрватска и предизвика големи проблеми, изјави денеска дека тој направил најмногу од сите градоначалници во последните 100 години кога станува збор за инфраструктурата на хрватската престолнина.

– Пред 13 години, кога беше онаа снежна бура, реков дека ќе го фаќам снегот. За жал, не можам да испијам толку многу дожд, рече Бандиќ.

Тој додаде дека пролетните и летните дождови се нормална појава, но дека не може да се предвидат повеќе од 80 литри на метар квадратен.

Покрај тоа, Бандиќ рече дека Загрепчани, очигледно му се замериле на Бога, бидејќи за кус период ги погоди земјотрес, коронавирус и сега поплава.

Коронавирус