сабота, 11. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Регион

По осум години Црна Гора го отвара осмото последно поглавје со ЕУ

По осум години Црна Гора го отвара осмото последно поглавје со ЕУ

Црна Гора денеска, на Меѓувладината конференција во Брисел, го отвори осмото, последно поглавје во преговорите со Европската унија.

Поглавјето што денеска е отворено ја опфаќа заштитата на конкуренцијата и државната помош, а преговорите во тоа поглавје имаат за цел ефикасно спроведување на политика за заштита на конкуренцијата, која придонесува за подобрување на економијата, развој и раст на компаниите, инвестиции во истражување и развој на нови производи, привлекување нови инвестиции, зголемување на производството и извозот, пренесува РТЦГ.

Во име на Црна Гора, на конференцијата учествуваше шефот на Мисијата на Црна Гора во ЕУ, амбасадорот Бојан Шаркиќ, а во име на ЕУ, Ирена Андраши, постојан претставник на Хрватска во ЕУ и Кристијан Даниелсон, генерален директор за европска соседска политика и преговори за пристапување.

Црна Гора ги отвори преговорите за членство во ЕУ пред осум години и досега ги отвори сите поглавја, а привремено ги затвори преговарачките поглавја 25 – наука и истражување, 26 – образование и култура и 30 – надворешни односи. (МИА) 

Парламентарни избори 2020