недела, 15. септември 2019. Вести денес: 77
home Регион

По масакрот во Загреб се огласи и хрватската полиција, еве ги најновите информации (ВИДЕО)

По масакрот во Загреб се огласи и хрватската полиција, еве ги најновите информации (ВИДЕО)

Полицијата во Загреб пронајде шест тела во една куќа во населбата Кајзерица.

Според првичните сознанија, жртвите се убиени со огнено оружје, а убиецот засега е во бегство.

Околу 21 и 30 полицијата добила телефонски повик од жители во Нов Загреб , кои алармирале дека се слушаат пукотници.

Кога пристигнале во Цимерманова улица, убиецот бил избеган, а зад себе оставил 6 мртви тела.

Според последните информации кои ги соопшти Марко Рашиќ, началник на загребската полиција, убиецот застрелал двајца мажи, три жени и десетгодишно дете додека седуммесечно дете е рането и се наоѓа во детска болница. Како мотив се спомнува љубомора.

Цела Хрватска е под опсада и се трага по сторителот на овој масакр.