четврток, 18. јули 2019. Вести денес: 82
home Регион

По гирото, скокна цената и на суфлакито

По гирото, скокна цената и на суфлакито

По гирото, уште еден удар врз џебот на туристите во Грција. Откако поскапе популарното гиро, најавено е и поскапување на суфлаки.

Новоформираниот синдикат на производители на суфлаки од Атина објави дека традиционалното грчко свинско суфлаки може да поскапи и до три евра. Како главна причина за тоа ја наведе цената на свинското месо во светот.

Синџирите за брза храна и продавачи на суфлаки во Грција, како што објави агенцијата АНА, се обидуваат да ја смират ситуацијата, но признаваат дека очекуваат дополнителни трошоци.

Многу од продавачите анкетирани од агенцијата изјавиле дека очекуваат да ги апсорбираат дополнителните трошоци и дека цените ќе останат непроменети. Дел од нив пак велат дека очекуваат пораст на цената од 10 евроценти.

Цената на свинското месо на светскиот пазар порасна поради поморот на свињи во Кина.