четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 18
home Регион

Пленковиќ во Петриње најави координирана помош

Пленковиќ во Петриње најави координирана помош

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска го посети Петриње, градот што е најмногу погоден од земјотресот регистриран во Хрватска.
– Најголемиот дел од центарот на Петриње, врз основа на првичните проценки е во црвено, поголемиот број згради веќе не се употребливи, истакна Пленковиќ.
Тој додаде дека се координира помошта за Петриње со Генералштабот на хрватската армија и оти се обезбедени 500 места во касарната за лушето кои не можат да се вратат во своите домови.

Пленковиќ најави и дека ќе разговара со министерот за финансии Здравко Мариќ да се обезбеди финансиска помош.

– Ова е голема штета и голем земјотрес, се надеваме дека нема да има дополнителни. Мораме прво да обезбедиме привремено смествување за луѓето погодени од земјотресот. Претиње во споредба со вчера не е ист град. Сега одиме во Сисај, каде е разурната болницата, посочи Пленковиќ.

Тој и најави укинување на пропусниците за движење во цела земја, што беа воведени како дел од мерките против пандемијата со новиот коронавирус.
– Не сакаме сега луѓето да имаат какви било административни ограничувања, потренцира Пленковиќ, но упати апел граѓаните да останат одговворни. (МИА)

Коронавирус