среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 187
home Регион

Пленковиќ тврди дека нема да има недостиг на лекови

Пленковиќ тврди дека нема да има недостиг на лекови

Хрватските веледрогерии денеска ја прекинаа испораката на лекови во повеќе од 80 проценти од болниците, а премиерот Андреј Пленковиќ тврди дека нема недостиг и оти лекови ќе има.

Испораката на лекови е прекината за 33 болници во Хрватска, а Иван Клобучар од управата на Октал Фарма, една од четирите национални веледрогерии, вели дека биле принудени на ваков потег.

– Имаме 500 милиони заостанати долгови само во болниците. Дополнителен проблем е што во последните два месеци, долгот на аптеките достигна нови 700 милиони долгови. Стигнавме до точката кога станува неиздржливо, изјави Клобучар за загрепската телевизија Н1.

Веледрогериите бараат да им се бидат уплатени 2,7 милијарди куни до крајот на годината, а преостанатиот долг до пет милијарди куни се бара да се реши до 30 јуни следната година. За време на денешното претставување на дополнителниот пакет мерки за помош на стопанството, Пленковиќ рече дека здравствените устави мора да функционираат, а веледрогериите, како што рече, „се тука со нас цело време“.

– Нема недостиг на лекови, тврди тој, додавајќи дека преговара со веледрогериите со цел да се избегнат проблеми во снабдувањето.

На прашањето дали ќе има недостиг на лекови, Пленковиќ рече:

– Па, ќе има лекови, мислам тие веледрогерии и утре мора да опстанат на хрватска територија.

На прашањето дали овој проблем може да се реши, хрватскиот премиер рече дека може да се направи тоа многу едноставно со плаќање на долгот од 54 милијарди куни.

На прашањето зошто Владата не го стори тоа, хрватскиот премиер рече: „Па, да речеме затоа што сега дадовме седум милијарди за платите на луѓето во приватниот сектор. Државата има одреден простор за маневар. Сè се сервисира на одржлив начин. А тоа е задачата на министерот за здравство да, покрај ковид, го реформира здравствениот систем кој ќе го направи финансиски одржлив“.

Коронавирус