понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 153
home Регион

Пленковиќ: Ситуацијата со коронавирусот е многу сериозна, да бидеме одговорни

Пленковиќ: Ситуацијата со коронавирусот е многу сериозна, да бидеме одговорни

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска предупреди на сериозната состојба со коронавирусот во таа земја и повторно апелираше до граѓаните да бидат одговорни и да покажат ментална сила, бидејќи во спротивно бројот на заразени лица ќе биде поголем.

– Имаме уште еден рекорден ден со 1.563 новозаразени и 13 мртви, што доволно зборува за сериозноста на ситуацијата во Хрватска, соседните земји, Европа и целиот свет, рече Пленковиќ на почетокот на денешната владина седница.

Тој се осврна и на дополнителните мерки за зачувување на работните места и за денеска најави седница на Управниот совет на Хрватскиот завод за вработување. (MИА)

Коронавирус