вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 11
home Регион

Пленковиќ и Колинда беа на турнирот во Задар, премиерот на Хрватска ќе се тестира за коронавирус

Пленковиќ и Колинда беа на турнирот во Задар, премиерот на Хрватска ќе се тестира за коронавирус

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и поранешната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и нејзиниот сопруг беа забележани на тенискиот турнир „Адрија тур“ во Задар, каде што финалето беше откажано бидејќи беше потврдено дека тенисерот Григор Димитров заболел од коронавирус, јавуваат медиумите.

Пленковиќ се поздравил со некои тенисери во Задар, меѓу кои и Чилиќ и Ѓоковиќ, кои во тие денови биле во директен контакт со заразениот Димитров, а како што пренесува порталот „Индекс“, хрватскиот премиер не бил на пропишаното растојание.

Димитров се дружел со голем број луѓе во Задар, веројатно со стотици, можеби илјадници, вклучително и голем број на деца како дел од Денот на децата.

Премиерот Андреј Пленковиќ во саботата беше во Задар на „Адрија тур“. Тој беше во публиката и се сретна со Горан Иванишевиќ, Новак Ѓоковиќ и Марин Чилиќ. Владата уверува дека тој не бил во близок контакт и дека не се ракувал со никого.

„Премиерот не беше во контакт со Чориќ или Димитров. Тој беше во контакт со Иванишевиќ, Чилиќ и Ѓоковиќ, со кого помина кратко време во разговор. Се работеше за неколку минути“, изјавија од владата за „Индекс“.

Владата додава дека немало близок контакт. „Иако немаше близок контакт, премиерот ќе биде тестиран денес, поради новонастанатата состојба во Задар на тенискиот турнир, како одговорен граѓанин“, пишува „Индекс“.

Коронавирус