среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 178
home Регион

Пленковиќ: Хрватска е во најтешкиот момент на епидемијата

Пленковиќ: Хрватска е во најтешкиот момент на епидемијата

Премиерот Андреј Пленковиќ рече дека Хрватска, со повеќе од 3.000 новозаболени денеска, е во „најтешкиот момент на епидемијата“ и истакна дека е клучно граѓаните да ги почитуваат преземените мерки.

Тој на отворениот дел од владината седница рече дека тие мерки се сериозно осмислени и даваат резултати.

– Во моментов, никој во Владата не сака натамошно заострување, затворање и забрана за движење, рече Пленковиќ.

Тој додаде дека сепак постои многу јасен тренд на намалување на растот на новозаразените лица.

– Во последните седум дена имаме 5,5 проценти повеќе заразени. Тоа е важно. Овие мерки ќе доведат до намалување на растот на инфекцијата, рече Пленковиќ, повикувајќи ги граѓаните да ги почитуваат мерките преземени за заштита на здравствениот систем.

– Со подигање на мерки за самодисциплина, граѓаните можат да придонесат за намалување на инфекцијата, рече Пленковиќ. (МИА)

Коронавирус