четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 177
home Регион

Планираа свадба, а отидоа на погреби- трагично загина цело семејство (ФОТО)

Наместо со ќерката и зетот да ја дочекаат православната Нова година и да ги завршат сите договори околу нивната венчавка, Ивана Ангелов и нејзиниот иден сопруг сега го подготвуваат погребот на нејзиниот татко Зоран (55), мајката Драгица (47) и братот Игор (25).
Планираа свадба, а отидоа на погреби- трагично загина цело семејство (ФОТО)

Зоран (55), Драгица (47) и Игор (25) Ангелови загинаа во саботата навечер во сообраќајна несреќа на мостот кај зајечарското село Салаш. Биле излезени на дочек на православната Нова година, и да се договорат за свадбената веселба на Ивана и Ненад.

Наместо со ќерката и зетот да ја дочекаат православната Нова година и да ги завршат сите договори околу нивната венчавка, Ивана Ангелов и нејзиниот иден сопруг сега го подготвуваат погребот на нејзиниот татко Зоран (55), мајката Драгица (47) и братот Игор (25).

Семејството Ангелов кое во саботата тргнало по ќерката и идниот зет во неготинското село Видровац, за да ги однесат во Грљан кај Зајечар, заедно да го прослават празникот и да се договорат околу венчавката, загина во страотна сообраќајна несреќа која се случи на мостот, недалеку од хотелот „Лукс“ кај зајачарското село Салаш.

– Последен пат со мајка ми се слушнав во саботата околу 13 часот, вели расплаканата Ивана. – Мама ми рече да ставам кафе, зошто се кај пумпата и дека наскоро ќе дојдат кај нас.

Оттогаш поминале неколку часа, а родителите на Ивана не се јавувале.

– Се исплашив и почнав да им се јавувам, ама никој не ми одговараше, ги брише солзите оваа девојка. – Потоа околу 17 часот ми се јави соседката. Ми рече дека братот и родителите ми се во Зајечарската болница, и да испијам нешто за смирување, вели Ивана која сè уште е во шок.

Кога за тој разговор го известила Ненад, идниот сопруг веднаш помислил на најлошото. И рекол на Ивана да се облече и тргнале со автомобилот.

– Кога стигнавме кај мостот кај Салаш, здогледавме голем број полицајци, се надоврзува Иван. – Им пријдов и им реков, а еден од полицајците, без пардон ми рече: „Сине се случи она најлошото“. Мора да бидете силни. Не смеев на Ивана ништо да и кажам.

Наскоро дошле во болницата во Зајечар.

– Влеговме во лекарската соба и се претставивме, продолжува Ивана. Медицинските работиници се загледаа и ни препорачаа да ни дадат инјекции за смирување. Дури кога се согласивме на тоа, ни рекоа дека моите родители и братот загинале.

Ивана вели дека за чудо останала прибрана. Му рекла на Ненад да го запали автомобилот и да одат во Грљан.

– Немав кога да тагувам, открива девојката. Во глава ми беше само тоа дека морам да ги погребам родителите и братот.

По доаѓањето во селото, Ивана ги повикала роднините на мајката, кои живеат во Димитровград. Во неделата во Грљан се направени последните подготовки за погребот.

Иако од оваа страотна трагедија поминаа два дена, полицијата не се огласи по повод настанот. Неофицијално се споменува дека возачот на „опел кадетот“ кој е на возраст од 31 година, изгубил контрола над возилото и челно на мостот се судрил со комбе на брза пошта.

– Во тој момент на „кадетот“ налета уште едно комбе, раскажува еден од очевидците. Потоа „опелот“ е целосно смачкан. Како што се утврди, Зоран и Игор починале на самото место, а Драгица на повредите им подлегнала во зајечарската болница.

Коронавирус