четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 108
home Регион

Плаче цел Балкан, загинаа четири деца: Оваа фотографија најдена покрај смачканиот автомобил, ќе ви го скрши срцето

Плаче цел Балкан, загинаа четири деца: Оваа фотографија најдена покрај смачканиот автомобил, ќе ви го скрши срцето

На местото на страшната сообраќајна несреќа во Србија во која згаснаа четири млади животи, пронајдена е фотографија од среќните денови на починатите девојчиња.

На фотографијата која настанала неодамна на прослава на полнолетството на едно од трите девојчиња кои загинаа во страшната несреќа вчера, се заедно со широки насмевки и полни со живот, без да знаат каква трагедија ги чека за неколку денови.

Сестрата на загинатиот Миодраг вели дека биле излезени.

– Стигнавме од Виена, тргнавме први со автомобил тие зад нас. Кога дојдовме дома договорени да играме монопол, ги немаше, мислевме застанале на некоја бензинска. Слушнавме што се случило ни јавија на телефон, се обидов да го извлечам братот од автомобилот но залудно, вели сестрата.

Тешката несреќа се случи во 5 часот наутро кога се враќале од журка, при што излетале, се превртеле неколку пати, се забиле во бандера. Телата биле излетани надвор, имало стакла и делови од смачканиот автомобил.