четврток, 5. октомври 2023. Вести денес: 0
home Регион

Петмина загинати во тешка сообраќајка во Косово

Петмина загинати во тешка сообраќајка во Косово

Тешка сообраќајна несреќа, во која загинаа пет лица, од кои три деца, се случи денеска, нешто по 13 часот, на магистралниот пат Сува Река-Дуље во централно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Извори од косовската полиција неофицијално за „Газета Експрес“, изјавија дека сите петмина загинати се членови на едно семејство – двајцата родители и нивните три деца.

Полицијата соопшти дека во несреќата учествувале патничко возило марка Бе-Ем-Ве и автобус.

– Околу 13:20 часот на магистралниот пат Сува Река-Дуље се случи страшна сообраќајна несреќа, во која животот го загубија пет лица – двајца возрасни и три деца. Смртта на сите петмина е утврдена од страна на службата за врза помош која излезе на местото на настанот. Судирит се случил меѓу возило Бе-Ем-Ве и автобус, изјави портпаролот на полицијата за регионот на Призрен, Хазир Бериша.

Според косовските медиуми, местото на кое се случи денешната трагедија, кај месноста Бираќ, е познато како „црна точка“, бидејќи во минатото на тоа место се случиле повеќе сообраќајки, од кои некои со трагични последици.

МИА