петок, 29. јули 2022. Вести денес: 138
home Регион

Петков во посета на Азербејџан во обид да обезбеди дополнителни количества гас за Бугарија

Петков во посета на Азербејџан во обид да обезбеди дополнителни количества гас за Бугарија

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков утре и в петок ќе престојува во главниот град на Азербејџан, Баку, јави дописникот на МИА од Софија.

Предвидено е Петков да се сретне со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.

Главна тема на разговорите, на кои ќе учествуваат и министрите за енергетика на Бугарија и на Азербејџан, ќе биде соработката во областа на енергетиката и можностите за дополнителни испораки на азербејџански гас за Бугарија, надвор од веќе договорената квота преку новиот интерконектор Грција – Бугарија.

Бугарија е еден од трите приматели на азербејџански гас во Европа.

Петков во Баку ќе оствари и работна средба и со претставници на Бугарско-азербејџанската трговско-индустриска комора и со претседателот на пратеничката група за пријателство меѓу Азербејџан и Бугарија.

Коронавирус