вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 159
home Регион

Пет лица повредени во серијата земјотреси од кои се тресеше и Македонија

Пет лица повредени во серијата земјотреси од кои се тресеше и Македонија

Серија земјотреси во југоисточна Албанија, најсилниот 5,3 степени

Серија земјотреси, од кои еден со јачина од 5,3 степени, се регистрирни утрово во југоисточниот дел на Албанија. Повредени се пет лица при рушење на една куќа, соопшти албанското Министерство за одбрана.

Албанските медиуми објавија дека за два часа се регистрирани шест земјотреси.

-Нема вонредна состојба во ниту една област од земјата, посочи Министерството за одбрана на Албанија.

Епицентарот на првиот земјотрес бил 15 километри југоисточно од градот Корча на длабочина од 14 километри, а по седум минути е регистриран уште еден на длабочина од 18 километри во областа која се граничи со Грција и нашата држава.

Во местото Корча и јужниот дел на Џирокастро се почувствувани следните земјотреси, со помал интензитет.

Инаку, телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава регистрира серија на земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 180 km југозападно од Скопје во соседна Албанија и потекнуваат од епицентралното подрачје Корча.

Најсилниот земјотрес беше во 6 часот и 33 минути со Рихтерова магнитуда 5.0 а беше почувствуван и од населението на нашата Република. Особено во југозападниот дел и тоа во Охрид, кој се наоѓа на 70km од епицентарот, во Струга и Ресен и околината.

Земјотресот беше почувствуван со интензитет IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Во западниот дел на Макeдонија земјотресот беше почувствуван со интензитет III степени од истата скала.

Коронавирус