петок, 4. декември 2020. Вести денес: 163
home Регион

Пет члено семејство сеуште заробено под урнатините во Албанија, се помали се шансите да има преживеани

Пет члено семејство сеуште заробено под урнатините во Албанија, се помали се шансите да има преживеани

Шестчленото семејство Лала останало заробено под урнатините на четирикатната зграда во Драч по силниот земјотрес што ја погоди Албанија во вторникот. Спасувачите успеале да го извадат телото на жената, но не можеле да ги пронајдат преостанатите пет члена, меѓи кои близнаци и уште едно дете.

Албанските спасувачи успеале да го лоцираат и да го извлечат телото на жената, но нејзиниот идентитет сè уште не е познат, јавуваат медиумите.

Тие додаваат дека таа е една од шесте членови на семејството Лала кои биле затрупани по уривањето на зградата во земјотресот.

Според извештаите во медиумите, спасувачите не успеале да ги пронајдат преостанатите членови на семејството, вклучувајќи близнаци и друго дете.

Сè помали се надежите дека спасувачите ќе најдат некој жив под урнатините на зградите во Албанија, два дена по земјотресот во кој загинаа 39 лица, според најновите податоци.

Властите соопштија дека операцијата за спасување во Туман е завршена и се верува дека нема затрупани луѓе под урнатите згради.

Операцијата за спасување во Драч продолжува.

 

Коронавирус