понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 51
home Регион

Пелегрини нов премиер на Словачка по оставката на Фицо

Пелегрини нов премиер на Словачка по оставката на Фицо

Досегашниот вицепремиер за инвестиции и дигитализација Петар Пелегрини (42) ќе биде новиот премиер на Словачка, откако денеска шефот на државата Андреј Киска соопшти дека ја прифатил оставката на Роберт Фицо.

Пелегрини претходно соопшти дека до претседателот на Словачка доставил 79 потписи од 150 пратеници во словачкиот Парламент кои докажуваат дека мнозинството се согласува тој да состави влада.

Фицо влера понуди оставка под услов неговата партија Смер да биде таа која ќе предложи нов премиер со цел да се избегнат предвремени избори а со тоа и новата коалициска Влада, иако со други министри, да остане на власт до завршувањето на мандатот во 2020 година.

Пелегрини, економист и бизнисмен од Банска Бистрица во владата на Фицо беше вицепремиер на инвестиции и дигитализација, во 2015 и 2016 година беше претседател на парламентот, а пред тоа министер за образование, наука и спорт.

МИА

Коронавирус