четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 155
home Регион

Пеколот не престанува- нов земјотрес ја погоди Албанија!

Пеколот не престанува- нов земјотрес ја погоди Албанија!

Уште еден земјотрес попладнево ја погоди Албанија и тоа 5 степени по рихтер.

Според албанските медиуми земјотресот се случил во 14:05 со јачина од 5 степени по рихтеровата скала, а епицентарот бил во областа Родон.

Како пренесуваат медиумите ова е само еден од низата потресе денеска.

За потсетување утринава во 3:54 минути земјотрес буквално го разруши градот Драч каде има 14 загинати, а истиот беше со јачина од 6.4 степени и беше почувствуван низ целиот регион.

Во меѓувреме Американскиот геолошки институт соопшти дека Албанија не се наоѓа во така наречениот земјен „огнен прстен“ и оти нема опасност од цунами.

– Албанија се наоѓа во близина на линијата на тектонски плочи кои поминуваат под Италија, што го прави регионот подложен на осцилации, се наведува во соопштението на Американскиот геолошки институт.

Коронавирус