петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 32
home Регион

ПЕКОЛОТ КОСИ СЕ ПРЕД СЕБЕ: Од коронавирусот во оваа соседна земја починале 43 здравствени работници и 25 полициски службеници

ПЕКОЛОТ КОСИ СЕ ПРЕД СЕБЕ: Од коронавирусот во оваа соседна земја починале 43 здравствени работници и 25 полициски службеници

Во Албанија од почетокот на пандемијата, битката со Ковид-19 ја изгубиле 43 здравствени работници, од нив околу 90 отсто лекари,кои инфекцијата ја добиле на работното место.

Прва жртва меѓу белите мантили беше професор доктор Арјан Пуши(58), познат хематолог, со бројни научни трудови, редовен професор на Медицинскиот факултет, кој почина на 30 јули, во Инфективната клиника во Тирана.

Опасниот вирус не ги поштедил ниту полициските службеници, кои исто така се заразиле додека биле на должност. Од заразените над стотина полициски службеници, починале 25, последно денес 49-годишен полицаец од Фиер.

Меѓу починатите има и просветни и културни работници, но точен податок нема а на 20 ноември минатата година како последица од Ковид-19 почина 16-сет месечно бебе.

Првата жртва од коронавирусот во Албанија беше регистрирана на 11 март 2020 а една година потоа официјалниот број на починати е 1.986, заедно со 17-те во последното деноноќие, сите во болнички услови.

Дел од лекарската фела, но и опозицијата тврдат дека бројот на починати е многу поголем, бидејќи се евидентираат само оние кои умреле во болнички услови.

Инаку досега регистрирани се 77.498 случаи со Ковид-19 од тестираните 498.076 а акативни на болеста се 35.356.

Локални избори 2021