четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 75
home Регион

Парламентот на Црна Гора утре избира нова влада

Парламентот на Црна Гора утре избира нова влада

Во Подгорица утре ќе се одржи парламентарна седница, на која на дневен ред е изборот на 42-та црногорска влада, предложена од мандатарот Здравко Кривокапиќ.

Кривокапиќ вчера достави експозе до парламентот во кое, на 51 страница, наведе дека приоритети на идната влада се борбата против корупцијата и криминалот, правдата и еднаквоста, добрососедските односи, обезбедување фер услови на избори, намалување на јавната потрошувачка, создавање јавна доверба и целосна транспарентност во работата на државната администрација.

Во експозето се наведува дека меѓу приоритетите се и мерките за закрепнување на економијата и поддршка на економијата по пандемијата на коронавирусот.

Кривокапиќ оцени дека ситуацијата тој и неговите 12 министри со право може да се наречат еден вид „државен удар“.

– Владата во заминување примени и го спроведува сценариото на изгорена земја за да ни ја отежне работата уште повеќе, но тоа не нè поколеба и свесни сме дека сегашната криза може да се надмине само преку реформи, фер и домаќинско управување, знаење и постојана работа за зајакнување на економијата и подобрување владеење на правото, изјави меѓу другото Кривокапиќ.

Новата црногорска влада ќе има еден потпретседател, лидерот на УРА, Дритан Абазовиќ и 12 министри. (МИА)

Коронавирус