сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 62
Во живо

Протест – „Или Заев или Македонија, оставка сега за да не биде предоцна“

home Регион

Парламентарните избори во Србија најверојатно ќе се одржат во јули

Парламентарните избори во Србија најверојатно ќе се одржат во јули

Парламентарните избори во Србија, најверојатно, ќе се одржат помеѓу 5 и 19 јули, објави белградскиот весник Блиц, повикувајќи се на неофицијални извори.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, според Блиц, пред одржување на изборите се очекува укинување на вонредната состојба воведена поради епидемијата со новиот коронавирус.

Првично, парламентарните, покраинските и локалните избори во Србија беа распишани за 26 април, но беа одложени поради епидемијата.

Претседателот Александар Вучиќ коментирајќи ги овие информации во медиумите, изјави дека изборите ќе се одржат кога „ќе се избориме со епидемијата на коронавирус.“

Тој на ТВ Пинк кажа дека ќе разговара на оваа тема со сите кои претходно најавиле дека ќе учествуваат на изборите, додавајќи дека нема да му пречи „ако некој се уште сака да учествува“ на изборите.

– Mожно e некои да сакаат да го искористат незадоволството на луѓето кои мораат да седат во своите домови, да се однесуваат дисциплинирано, за да добијат многу поголема поддршка отколку што имаат, кажа Вучиќ, коментирајќи го можното учество на изборите на опозицискиот Сојуз за Србија (СзС) кој прогласи бојкот изборите.

Коронавирус