сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 77
АКТУЕЛНО

ЦРН РЕКОРД НА ПОЧИНАТИ ВО ЗЕМЈАВА: Денеска над 40 починати, НАЈМЛАДИОТ НА САМО 18 ГОДИНИ!

home Регион

Парична казна и уапсени во црква во Грција поради литургија со присуство на верници

Парична казна и уапсени во црква во Грција поради литургија со присуство на верници

Казна од 1.500 евра за црквата и 300 евра за клисарот изрекла грчката полиција по извршената контрола во црковен храм во атинско предградие, а поради одржување на литургија со присуство на верници, нешто што е забрането за време на карантинот. Полицијата ги приведе свештеникот и црковните лица, јави дописничката на МИА од Атина.

За настанот, преку соопштение информираа од самата црква и велат дека интервенцијата на полицијата била по пријава „од граѓанин што нема почит кон црквата“, а казните биле бидејќи „на простор од 500 метри квадратни имало неколку лица кои дојдоа во недела да му се поклонат на Господ“.

Црковните лица објаснуваат дека казната ќе ја платат од парите собрани од верниците и коментираат дека казната требало да му биде изречена на оној што пријавил, „бидејќи таков вид типови претставуваат закана за општеството, а не обичните верници“.

– Она што го собравме од верниците за сиромашните, сега мора да го дадеме за парични казни. Дојде време освен верниците да се казнат и сиромашните… Дотаму стигнавме. Го повикуваме тој што ја пријави побожноста на невините верници, кои никому не му пречеа, да уплати, ако не целиот износ, барем дел од износот на сметката на Митрополијата за сиромашните, па можеби Бог ќе му прости некој грев!, пишува во соопштението од црквата.

Црквите во Грција ќе останат затворени до крајот на карантинот, до 7 јануари 2021 година, со исклучок на Божиќ (25 декември) и Водици (6 јануари) кога ќе биде дозволено присуство на верници односно до девет лица во црквите и најмногу 25 во соборните храмови.

Во текот на денешниот ден грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе има телефонски разговор со поглаварот на Грчката православна црква, архиепископ Јеронимос, додека пак утре, Светиот синод на ГПЦ ќе одржи состанок.

Коронавирус