петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 111
home Регион

Палмер: Грција има право да ги брани нејзините граници

Палмер: Грција има право да ги брани нејзините граници

Грција има право да ги брани нејзините граници, тоа е апсолутно логична позиција. Тоа е обврска и одговорност на секоја држава, рекол заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Метју Палмер за време на настан организиран во Атина од „Делфи економскиот форум”, пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА.

Палмер изразил поддршка за Грција и ја поздравил одлуката на ЕУ да ѝ помогнме на земјата.

-Ова што во овој момент се случува на границата меѓу Грција и Турција истакнува колку е кревка ситуацијата. Грција може да се потпре на пријателството, поддршката и односите со САД, рекол Палмер.

Според АНА-МПА, истакнал дека Соединетите амрикански држави би сакале и понатаму да постојат канали на комуникации меѓу Грција и Турција, а „САД ќе сторат сѐ што можат за да се избегне било каков сериозен инциидент и да се избегне тензија”.

Палмер во Атина оствари средби со министерот за одбрана на Грција Никос Панајотопулос, со министерот за внатрешни работи Такис Теодорикакос, со алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милтиадис Варвициотис, како и со надлежниот за надворешна политика во опозициската СИРИЗА, Јоргос Катругалос, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од Министерствата за одбрана и надворешни работи на Грција, разговорите на заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија со Панајотопулос и Варвициотис биле околу ситуацијата на границата со Турција кај Еврос, мигрантското/ бегалското прашање, но и Западен Балкан.

Палмер и Панајотопулос разговарале за дополнително зајакнување на одбранбената соработка Грција – САД, а грчкиот министер за одбрана информирал за „масовното и организирано движење на население на границата”, со поттик од Турција и за зголемените бранови мигранти од трети земји на грчките острови и ја истакнал „решеноста на Грција да ги обезбеди нејзините граници, кои се и надворешни граници на Европската унија”.

-За време на разговорите, беше истакнат суштинскиот придонес на Грција во промовирање на безбедноста и стабилноста во поширокиот регион на Балканот и Источниот Медитеран, соопштуваат од Министерството за одбрана на Грција. (МИА)

Коронавирус