среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 132
home Регион

Падна првиот снег во северна Грција

Падна првиот снег во северна Грција

Во планинските делови во северниот дел на Грција, но и во пониските предели, како и во градовите Лерин и Ксанти во текот на ноќта беа регистрирани првите врнежи на снег, јави дописничката на МИА од Атина.

Најниската температура во Грција утрово беше измерена во село во близина на Козани, минус три степени.

И додека во делови на северот од земјата температурите утрово паднаа под нула, на островот Крит температурата е над 15 степени.