среда, 19. септември 2018. Вести денес: 0
home Регион

Пацоли: Не е на маса поделба на Косово

Пацоли: Не е на маса поделба на Косово

Косовскиот вицепремиер Беџет Пацоли изјави дека поделбата на Косово не е на преговарачка маса во рамките на дијалогот помеѓу Србија и Косово и дека е „ризична“ опција, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Верувам дека не разговараме за поделба или нови граници, за мене е тоа малку ризично, изјави Паоцли на прашање на МИА.

Во моментов сѐ уште трае средбата на српскиот претседател Александар Вучиќ со ВП Федерика Могерини во Брисел. Иако српската страна најави дека нема да има средба со косовската, Пацоли денеска тоа не го потврди и порача дека верува дека ќе има во текот на денот трилатерална средба.

Вицепремиерот на Косово додаде и дека не му се забранува влез на Вучиќ на Косово но дека тој не „артикулирал“ барање да оди на Газивода.

Пацоли порача дека косовската страна „не разбира“ зошто таму бара да оди Вучиќ но дека Косово “нема да биде тврдоглаво“. (МИА)