понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 154
home Регион

Пациент од ковид го убил својот цимер во болница во Атина

Пациент од ковид го убил својот цимер во болница во Атина

Маж кој се лекувал од ковид во атинска болница е уапсен под сомнение за убиство на друг пациент, откако му го исклучил респираторот, соопшти денеска грчката полиција.

Полицијата соопштила дека осомничениот, чие име не е објавено, ќе остане под надзор на чуварите во атинската болница се додека не се опорави, објави Ројтерс.

Пациентот (76), кој исто така се лекувал од ковид, починал вчера вечер, откако лекарите од болницата „Црвен крст“ утврдиле дека му е исклучен респираторот без знаење на лекарот.

Двајцата пациенти лежеле на исто одделение, додаде полицијата.

Коронавирус