понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 105
home Регион

Оваа наша соседна држава веќе започна со издавање на сертификат за вакцинација

Оваа наша соседна држава веќе започна со издавање на сертификат за вакцинација

Од денеска во Грција започнува издавањето на дигиталната потврда, односно сертификатот за вакцинација, за сите оние кои ја примиле и втората доза од вакцината, јави дописничката на МИА од Атина.

Сертификатот за вакцинација е достапен преку специјалниот сајт на грчката Влада за електронско издавање документи, а како што пишува во објаснувањето, потврдата има „единствен код за верификација и напреден електронски печат и може или да се испраќа по електронски пат или испечатена да се доставува до јавните служби“.

Министерот за дигитална политика Кирјакос Пиеракакис за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека „дигиталниот сертификат е безбеден, не може да се фалсификува и има електронски печат“. (МИА)

Локални избори 2021