вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 0
home Регион

Оваа држава од соседството се премисли- сепак ги затвори границите, ова мора да го знаете пред да тргате на пат!

Оваа држава од соседството се премисли- сепак ги затвори границите, ова мора да го знаете пред да тргате на пат!

Црна Гора ја затвори границата со Босна и Херцеговина и повторно воведе задолжително носење маски, откако епидемијата во државата беше засилена од навивачи кои се враќаа во Црна Гора од Србија преку БиХ.

„Националното координативно тело одлучи привремено да ја исклучи БиХ од списокот на држави од кои се влегува Црна Гора без мерка институционална изолација. Од денеска, влезот од БиХ е можен со негативен ПЦР тест од акредитирана лабораторија”, соопшти црногорската Влада.

Потегот е преземен затоа што повеќето од деветте активни случаи на коронавирус во моментот биле „увезени од Србија од неодговорни лица кои влегле во Црна Гора преку БиХ“.

Се работи за црногорски навивачи кои отпатувале во Белград преку БиХ за натпреварот помеѓу Црвена звезда и Партизан и се вратија на ист начин.

Тој натпревар се одигра пред 25.000 гледачи минатата недела, во време кога повеќето европски спортски натпревари се одржуваат без публика или со ограничен број гледачи.

Коронавирус