вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 203
home Регион

Ова нема да биде единствен земјотрес, ќе се тресе во наредните два и пол месеци: Сеизмолозите со предупредување

Ова нема да биде единствен земјотрес, ќе се тресе во наредните два и пол месеци: Сеизмолозите со предупредување

Земјотресот кој утрово ја погоди Албанија, а кој силно се почувствува и во Македонија, е еден од најсилните забележани во последните неколку години, вели началничката во Заводот за сеизмологија на Црна Гора, Јадранка Михајлевиќ, според која не може да се процени дали во наредните денови епицентарот би можел да биде и во Црна Гора.

Генерално не би требало…единствено да дојде до некои придвижувања на Јадранот, но тоа во овој момент не можеме да го процениме – рекла Михајлевиќ за подгоричките медиуми.

Како што додала, во овој момент нема податоци за евентуална материјална штета во Црна Гора.

Таа навела дека земјотрес со оваа јачина би можел да предизвика пукнатини на послаби објекти, но дека не може да има точно податоци без излегување на терен.

Јадранка Михајлевиќ додала и дека по вака силен земјотрес серијата од потреси може да трае и до два месеци, како и дека интензивни потреси, односно таканаречено смирување на земјиштето се очекуваат во наредните денови. Таа додала дека на овој потрес во Албанија му претходеле неколку послаби.

Земјотресот од 21-ви септември кој изнесуваше 5,8 според Рихтер беше вовед во активација на сеизмогената зона. Земјиштето и натаму работи – рекла Михајлевиќ.

Според неа земјотресот кој утрово ја погодил Албанија, а кој силно се почувствувал и во регионот, е еден од најсилните регистрирани по 1979-та година.

Меѓутоа, покрај оние кои се забележани со современи справи, постојат многу историски податоци, дури и на подрачјето на Драч, за многу посилни земјотреси. Така во Драч постои арена која е урната и дополнително откопана и сведочи за ефектите на претходните страшни земјотреси – истакнала Михајлевиќ.

Коронавирус