четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 193
home Регион

Ова е таткото-монструм од Србија: Си го претепа до смрт своето мало бебе

Ова е таткото-монструм од Србија: Си го претепа до смрт своето мало бебе

Дваесет и седум годишен маж од Земун е уапсен поради сомнение дека ја убил својата 5-месечна ќерка нанесувајќи ѝ тешки повреди со удари од кои несреќното дете починало во Земунската болница.

Петмесечното бебе починало на 23-ти септември, а на обдукција се утврдило дека имала скршеници на ребрата и бројни крвни подливи по рацете и главата.

Иако во полицискиот извештај е наведено дека причинителот е Ј.С. на Фејсбук профилот е потпишан како Ферди Бураз, а неговото опкружување вели дека официјалнот име му е Ферди Јашари.

Веднаш бил уапсен од полицијата, а тој признал што направил откако му ги ставиле лисиците.

На осомничениот му е одреден притвор од 48 часа, после што, со кривична пријава ќе биде приведен во Вишото јавно обвинителство во Белград.

Коронавирус