вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 22
home Регион

Ова е првиот Хрват кој вгради чип во рака (ВИДЕО)

Ова е првиот Хрват кој вгради чип во рака (ВИДЕО)

Денис Периша, жител на Шибеник, вгради чип под кожата кој му овозможува со движење на раката да плаќа сметки во продавници и во банки, а на чипот со големина на зрно ориз ги има и сите шифри за отклучувањe на врати, мобилни телефони и останати уреди кои Периша смета дека му се потребни.

„Станува знор за XNT уред, тој е „пиши-бриши“ чип, на кој може да се стави некој податок и подоцна да се отчита. Што и да е инсталирано на него, одговара со информации. Нема ништо на тоа во моментов, но чекам договор со банката да ми одобри плаќање со помош на чипот. Тоа прво ќе го направиме. Мислам дека тој не е во спротивност со какви било хрватски закони. Плаќањето всушност минува преку посредник, во мојот случај преку Google Pay. Картите се шифрираат, па парите не можат да се повлечат директно од чипот, туку само преку посредникот – објасни Периша.

Тој го порачал чипот преку интернет страницата Dangerous Things, но дури сега нашол некој што ќе сака да му го вгради.

„Не е баш пријатно име за веб страница, но мене ме привлече. Колку што проучував, доста луѓе тие чипови ги вградуваат самите, но сепак не сакав да ризикувам и најдов приватна клиника во Задар која тоа ми го направи за пет минути со локална анестезија. Не знам некој Хрват кој го направил ова досега“ вели најпознатиот хакер од Шибеник.