сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Регион

Отворена нова германска фабрика во Србија, Македонија со Заев никаде ја нема

Отворена нова германска фабрика во Србија, Македонија со Заев никаде ја нема

Германската компанија „Континентал аутомотив“ отвори денес во Нови Сад фабрика за автомобилска електроника, во која за почеток се предвидуваат 500 вработувања, јави Танјуг.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека центарот за развој на „Континентал“ во Нови Сад е трет по број на луѓе и дека е пред Австрија и Франција.

„Германските фабрики секогаш носеле придобивки и на локалните заедници, поради што и приватниот сектор напредувал“, рече Вучиќ на отворањето на автомобилската фабрика „Континентал“ во Нови Сад.

Тој се заблагодари на германската канцеларка Ангела Меркел за поддршката за Србија затоа што, како што истакна, таа секогаш помагала за доведување инвеститори, решавање на некои регионални проблеми и „го трасираше патот“ за добра соработка меѓу двете земји.

Вучиќ најави дека првиот институт за вештачка интелигенција ќе биде формиран во Нови Сад во април, што покажува колку е подготвена Србија за нови и иновативни технологии и дека од октомври ќе започне со дуално образование на новосадските факултети.

„Континентал“ веќе три години има Центар за истражување и развој во Нови Сад, а таа компанија досега има вработено над 600 ИТ инженери.

Германски „Континентал“, основан во 1871 година, работи во 59 земји и вработува повеќе од 240.000 лица. Произведува системи за сопирање, електроника, опрема за безбедност, погонски систем и делови од шасија, тахографи, гуми и други делови за автомобилската и транспортната индустрија.

Инаку во Македонија странска инвестиција нема веќе со години, а најзаслужен за тоа е премиерот Зоран Заев кој иако ветуваше дека ќе има инвестиции во земјава, засега има само затворање на истите за жал поради лошата политика на оваа, како што вели опозицијата ненародна власт.

Коронавирус