сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 78
home Регион

Оставка на советникот за национална безбедност на Мицотакис

Оставка на советникот за национална безбедност на Мицотакис

Советникот за национална безбедност на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, Александрос Диакопулос, си поднесе оставка, поради, како што вели „изјавата што предизвика забуна и создаде проблем за премиерот и Владата“, што во никој случај не било негова намера, јави дописничката на МИА од Атина.

Диакопулос во понеделникот, за време на гостувањето во емисија на телевизијата „Open“ рече дека турскиот број „Оруч рејс“, извршил истражувања во Источниот Медитеран, но додавајќи дека „прашањето е сложено“.

Оваа изјава беше спротивна од ставот на официјална Атина дека „Оруч рејс“ не започнал истражувања во рамиите на издадената навигациска информација (Navtex), која Грција смета дека е нелегална и опфаќа дел од нејзиниот континентален гребен.

Кусо подоцна, советникот за национална безбедност на Мицотакис излезе со писмена изјава во која објасни дека во утринското интервју сакал да каже дека Турција се обидела да изврши, а не дека извршила.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ја прифати оставката на неговиот советник за национална безбедност.

Локални избори 2021