сабота, 20. октомври 2018. Вести денес: 76
home Регион

Осомничениот за убиството на новинарката Маринова ќе биде екстрадиран во Бугарија

Осомничениот за убиството на новинарката Маринова ќе биде екстрадиран во Бугарија

Човекот осомничен за убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова наскоро ќе биде префрлен во Бугарија, соопшти Обвинителството во германскиот град Целе.

Според Обвинителството, тој ќе биде екстрадиран за десет дена.

– Дваесетгодишното момче призна дека под дејство на алкохол и дрога „ја удрил жртвата“ и ја „фрлил во грмушка“. Тој исто така тврди дека не „сакал да ја убие жртвата и негира дека ја силувал“, наведува Обвинителството. (МИА)