понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 0
home Регион

„Ora News“: Баша ја поздрави ратификацијата на Преспанскиот Договор

„Ora News“: Баша ја поздрави ратификацијата на Преспанскиот Договор

Ратификацијата на Преспанскиот Договор од страна на грчкиот парламент беше поздравена од претседателот на Демократската партија на Албанија, Лулзим Баша, пренесува „Ora News“.

Во пост на Твитер, Баша напиша дека договорот ги консолидира основите на соработка за мирот и стабилноста на регионот.

-Ја поздравувам ратификацијата на Преспанскиот договор од страна на грчкиот парламент кој го отвора патот за членство на Северна Македонија во НАТО и ги консолидира основите на соработка за мирот и стабилноста на регионот, напиша тој.

Коронавирус