вторник, 28. март 2023. Вести денес: 56
home Регион

Опозиционерот Ципрас ја тужеше полицијата, премиерот Ципрас го загуби спорот

Опозиционерот Ципрас ја тужеше полицијата, премиерот Ципрас го загуби спорот

Премиерот на Грција Алексис Ципрас загуби судски спор во кој ја тужеше полицијата поради растурање на антивладините демонстрации во Атина во 2011. година, во која тој учествувал.

Ципрас тогаш беше претседател на тогашната опозициска партија СИРИЗА.

На крајот на постапката Врховниот суд одлучи дека нема основа да се прифати ставот на Ципрас дека единицата на интервентната полиција се однесувала „криминално“.

Ципрас во тужбата навел дека полицајците ја повредиле должноста и оти со својата акицја, со солзавец и шок бомби предизвикале тешки повреди на демонстрантите кои потоа одбија да им помогнат да добијат медицинска помош, иако тоа им е должност.

За сето тоа Ципрас и група граѓани во здружената постапка обвинија 18 полицајци – командири кои биле на местото на одржувањето на демонстрациите, како и целата команда на полицијата.

Судењето по неколку одложувања почна дури шест години подоцна, во октомври 2017. година, а завршено е по 14 рочишта на кои сведочеа и лекари, и други учесници на демонстрациите.

Синдикалното здружение на полициските службеници во соопштени ја поздрави ослободителната пресуда и се заблагодари на праводуството.

loading...