вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Регион

Опасност во Грција: Се формира огромен циклон, каков што не е виден со години (ВИДЕО)

Опасност во Грција: Се формира огромен циклон, каков што не е виден со години (ВИДЕО)

Над Јонското море се развива циклон кој наликува на тропска бура, која до сабота би можела да се претвори во најсилниот забележан медитерански ураган, односно медикан (medicane) од втора категорија.

„Severe Weather Europe“ на својата интернет страна денеска пошува дека сите модели потврдуваат раѓање на ураган кој би можел да се формира денеска вечер или утре наутро.

Постои можност на својот пат во сабота да може да удри на грчкиот брег, загрозен е и островот Крит, потоа во недела би можел да продолжи кон Егејското море и западните брегови на Турција.

Од таму истакнуваа дека моделот за Европскиот центар за среднорочни прогнози на времето укажува на формирање длабок циклон во Јонското море во сабота.

-Точната положба тек треба да се дефинира, меѓутоа пости поприлично општо сложување дека медикенот ќе се формира, пишува „Severe Weather Europe“.

Додава дека формирањето на ураган во Јонското море го потврдуваат моделите GFS, ECMWF i ARPEGE, со тоа што последниот укажува на поагресивни и брзи ветрови кои во сабота попладне ќе се приближат кон грчките брегови.