среда, 25. мај 2022. Вести денес: 168
home Регион

Омикрон предизвика алармантна ситуација во соседството, бројот на починати е најзагрижувачки

Омикрон предизвика алармантна ситуација во соседството, бројот на починати е најзагрижувачки

Епидемиолошката состојба во Србија е се позагрижувачка, Омикронот сојот на корона вирусот се шири, веќе две недели дневните бројки на заразени се петцифрени, а се зголемува и бројот на починати, јави дописникот на МИА од Белград.

Во последните 24 часа се регистрирани 17.284 случаи на инфекција со корона вирус од 34.778 тестирани примероци, а како последица на инфекцијата починале уште 42 лица. Во болниците има 3.397 пациенти, од кои 143 се на респиратор.

Состојбата со пандемијата е загрижувачка, а бројот на пациенти кои се позитивни на Ковид е со влијание од мутациите и побрзото ширење на вирусот, изминатите празници и од зимските одмори – оценува пнеумофизиологот од Градскиот институт за белодробни заболувања и туберкулоза во Белград, Катарина Мијатовиќ.

Таа предупредува дека лечењето со антибиотици на своја рака е појава која го отежнува лекувањето на ковид позитивните пациенти, бидејќи со тоа може да се „маскира“ клиничката слика, а некои симптоми може привремено да станат „невидливи“.

Покрај тоа, вирусните инфекции не се лечат со антибиотици – порачува д-р Мијатовиќ.

Училишниот тим од Кризниот штаб одлучи од понеделник, 31 јануари, учениците од прво до четврто одделение во основните училишта да ја следат наставата со физичко присуство, додека учениците од петто до осмо одделение воспитно-образовната работа да ја следат по комбиниран модел и да одат на училиште ден по ден, поделени во две групи.

И за средношколците одлучено е наставата да се одвива по комбиниран модел.

Коронавирус