недела, 21. април 2019. Вести денес: 0
home Регион

Оливер Мандиќ му ја бакна раката на српскиот претседател Вучиќ (ВИДЕО)

Оливер Мандиќ му ја бакна раката на српскиот претседател Вучиќ (ВИДЕО)

Музичарот и пејач Оливер Мандиќ беше меѓу собраните луѓе на собирот во рамките на кампањата „Иднината на Србија“ во Нови Сад.

Неговата постапка кога сретнувајќи се со српскиот претседател, Александар Вучиќ, по симнувањето од сцената, му ја бакна раката, го гушна и срдечно го поздрави, наиде на многу коментари.

По тој повод на своите следбеници на „Твитер“ им се обрати сопственикот на ТВ „Пинк“, Жељко Митровиќ.

„Јас се враќам од Нови Сад, имаше толку многу луѓе, што Оливер Мандиќ, кој седеше со мене во репортажниот автомобил, мислеше дека е на Вудсток. Колку ли се тажни оние што во Белград што не можат да соберат ниту седми дел од ова! Мора да боли?“, ги праша тој своите следбеници.