недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 59
home Регион

Оливер Ивановиќ брутално го ликвидираа- сега удрија по неговите

Оливер Ивановиќ брутално го ликвидираа- сега удрија по неговите

Откако брутално беше убиен Оливер Ивановиќ, сега е каменувана куќата на неговата прва сопруга во Косовска Митровица.

Напаѓачите завчера со камења почнале да удираат по куќата на Марина, која во моментот не била дома.

Во куќата била само нејзината мајка.

Инаку, политичарот и лидер на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ (64) беше убиен на 16.1.2018 во 8:15 часот во момент кога влегувал во куќата каде се наоѓало седиштето на неговата партија.

Според информациите, во него од зад грб било пукано со пиштол со пригушувач, по што напаѓачот избегал.

И покрај обидите за реанимација на докторите во Клиничката болница, Ивановиќ им подлегнал на повредите кои му биле нанесени во пределот на горниот дел од телото. Смртта настапила во 9:30 часот.

 

Коронавирус