среда, 4. август 2021. Вести денес: 162
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Регион

Огнен (33) дознал дека девојката го мами со постар маж (57), па сковал пеколен план

Огнен (33) дознал дека девојката го мами со постар маж (57), па сковал пеколен план

Огњен П. (33) и неговите пријатели Урош П. (33) и Милош И. (22) се уапсени минатата недела поради киднапирање на Которчанецот Ј.М. (57) пред хотелот „Хиљаду ружа“.

Злосторството предизвикано од љубомората на момчето се случило на 22. февруари, а полицијата тројката ја привела утредента.

Според неофицијалните информации, страста, му го поматила разумот на Огњен П., кој со девојката И.Ѓ. (28) извесно време бил во љубовна врска. Кога дознал дека девојката го мами со многу постариот господин Ј.М. (57), на момчето му падна мрак на очи.

Тој брзо ги организирал двајцата своите пријатели и им ја соопштил одмаздничката намера. Девојката под закана со ќотек, ја натерал да му се јави на которчанецот Ј.М. и да закаже состанок со него на нивното старо место – хотелот „Хиљаду ружа“ под Авала.

Несреќниот маж не се посомневал што му се подготвува кога со својот автомобил застанал пред хотелот, кој кај белграѓани и кај посетителите на престолнината важи за добро познато место за оние кои ги кријат своите љубовни врски.

Ј.М. и пришол на девојката и се поздравил со неа, по што пред него излегол Огњен П. со пријателите. Тие прво го истепале Ј.М., а потоа го пикнале во багажникот на автомобилот на Огњен.

Од подножјето на Авала го однеле на следната локацијата – населбата Браќа Јерковиќ. Таму момчињата продолжиле да го малтретираат постариот маж.

Во засега непознат сплет на околности, Ј.М. успеал да им побегне на киднаперите, по што почнал да бега по улицата извикувајќи помош.

Кратко потоа, во населбата сретнал непознат човек кој повикал полицијата и го пријавил кривичното дело. Утредента киднаперите се идентификувани и приведени по што им е одредено задржување со кривична пријава за грабнување.

Огњен П., Урош П. и Милош И, се сослушани во Второто основно обвинителство, кое отвори истрага и предложи едномесечен притвор.

Коронавирус