понеделник, 26. септември 2022. Вести денес: 131
home Регион

Одобрена продажбата на солунското пристаниште

Одобрена продажбата на солунското пристаниште

Грчките пратеници ја одобрија продажбата на 67-процентниот дел од компанијата, која управува со пристаништето во Солун. Договорот е во вредност од 232 милиони евра.

Парламентот го ратификуваше договорот за концесија до 2051 година, потпишан во декември со конзорциумот Саут Јуроп Гетвеј Тесалоники (South Europe Gateway Thessaloniki). Конзорциумот се состои од германска, грчко-руска и француска компанија.

Денешната одлука доаѓа по приватизацијата во 2016 година на најголемото грчко пристаниште Пиреја со продажбата на мнозински дел на кинеската Коско.

Коронавирус