понеделник, 25. септември 2023. Вести денес: 112
home Регион

Одложен лет од Тирана за Милано синоќа поради тоа што пилотот бил пијан

Одложен лет од Тирана за Милано синоќа поради тоа што пилотот бил пијан

Несекојдневен настан е регистриран синоќа на Меѓународниот аеродром во Тирана.

Полетувањето на авион кон аеродромот „Малпенса“ во Милано е одложен за дури пет часа поради тоа што капетанот на авионот Е.Л.(47) бил пијан.

– Лицето Е.Л. шпански државјанин, кој е капетан на авионот, кога патниците почнале да влегуваат во авионот, е приведено поради тоа што тој бил во алкохолизирана состојба. Колега на пијаниот пилот го пријавил во Граничната полиција и авиокомпанијата, по што е блокиран летот а патниците се вратени назад, стои во полициското соопштение.

По барање на авиокомпанијата, направен е алкотест кој се покажал позитивен,бидејќи првиот тест покажал присуство на алкохол 0,35 мг/л додека вториот тест 0,31 мг/л.

Компанијата презела соодветни мерки и пијаниот пилот го замејила со друг и по пет часа од предвидениот термин авионот полетал за Милано.

(Миа)