Вториот изменет протокол на Договорот за заемна одбранбена соработка меѓу Грција и САД доби зелено светло од Комисијата за одбрана и надворешни прашања, а утре ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.
Обновената верзија на заедничкиот договор меѓу двете земји ја поддржаа владејачката Нова демократија и опозициската Движење на промена.
За време на расправата на надлежната комисија, пак, министерот за одбрана на Грција Никос Панајотопулос истакна дека договорот е „национално корисен“, додека, пак, шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас рече дека тие сакаат „американско воено присуство во земјата“.
Договорот, што е во траење од пет години, во октомври минатата година го потпишаа Блинкен и Дендиас во Вашингтон.